За нас
На површина од 1.500 м², комбинираме креативност, иновации, претприемништво, неформална едукација, вмрежување, гастрономија и музика во еден уникатен концепт.
Нашата мисија е да создадеме заедница во која луѓето можат да работат, да учат, да се забавуваат и да создаваат – сè на едно место. Public Room е спој на coworking простор, сали за настани, изложбен/галериски простор, како и ресторан и бар каде секој може да ужива во добра храна и пијалок, на концерт, стендап или друг културен настан.
Тука се среќаваат креативци, претприемачи, уметници, студенти и професионалци од различни области – и заедно градат средина што инспирира и поттикнува нови идеи.
Покрај активностите за возрасни, посебно внимание посветуваме и на најмладите генерации, преку програма и креативни работилници кои ги поттикнуваат децата да учат, да истражуваат и да ја развиваат својата имагинација на забавен и едукативен начин.
Public Room е отворен за сите што веруваат во креативноста, споделувањето и заедништвото. Добредојдовте!
Простории за настани
Public Room располага со осум современо опремени простории кои овозможуваат флексибилност за најразновидни настани; од конференции, семинари и работилници, до концерти, промоции, изложби и приватни прослави. Просторот е модуларен и може да се прилагоди според вашите потреби, без разлика дали станува збор за помала група или голем настан.
Coworking
Во срцето на Скопје, Public Room нуди инспиративен, бесплатен coworking простор каде што се спојуваат работата и креативноста. Нашиот простор е осмислен за фриленсери, стартапи и компании кои бараат флексибилно и модерно работно место.
- Брз интернет и удобни работни маси
- Пријатна атмосфера за фокус, продуктивност и вмрежување
- Кафе, храна и пијалоци со одличен квалитет, и по одлични цени
- Климатизиран простор
- Пространи сали за состаноци коишто може да се изнајмат
Дојди и приклучи се во заедницата на креативци, иноватори и професионалци што работат, соработуваат и се инспирираат!
Микс на различни кујни
Во PUBLIC ROOM менито е спој на неколку светски добро познати кујни и Македонската кујна, Особено во поглед на традиција на добра храна, а тоа е свежиот зеленчук растен под Македонското сонце. Нашето мени се дели на два света, познати вкусови претставени на креативен и на модерен начин.
Откријте ја совршената комбинација во PUBLIC ROOM – микс на различни кујни.
Сите новости, директно кај тебе!
За да бидете во тек со сите настани кај нас оставете ни ја вашата е-маил адреса и добијте известување секој понеделник!







