×

ОПИС НА КУРСОТ - ЗВУЧНА ВСЕЛЕНА

Траење на курсот: 8 часа
Возраст: 5 - 8 години
Број на учесници: 10 – 12 дечиња

ЗВУЧНА ВСЕЛЕНА - Почетен 8 неделен курс за развивање на вокални способности и креативност на најрана возраст.

Програмата на курсот Звучна Вселена има за цел да им овозможи на децата да нурнат во светот на музиката слободно и самоуверено. Нашата филозофија е дека секој може да создава музика насекаде и со било што. Музиката безгранична како и вселената на секој од нас ни нуди бескраен простор каде можеме потполно да се изразиме. Децата го чувствуваат тоа и се спонтани во овој музички свет. Целта на нашата програма е да ја освестиме и зацврснеме природната креативност кај децата. Активностите во нашата програма ќе овозможат развој на личноста, унапредување на интелигенцијата и креативноста, ненаметливо, преку пеење, играње, свирење. Програмата не е класично музичко училиште, бидејќи ние веруваме дека сите деца се талентирани да создаваат музика.
Секој час од Звучна Вселена започнува со 15 минутни јога вежби за деца, со кои се ослободува ментална и креативна енергија на конструктивен начин и се развива самодоверба, свесност, рамнотежа, досетливост и оригиналност.
Часот продолжува со практикување на вокални и звучни вежби кои го освестуваат и ослободуваат гласот. Низ игра децата експериментираат со своите гласовни можности, а воедно учат како да го користат овој уникатен инструмент кој сите го поседуваме.
Се изработуваат музички инструменти како воден ксилофон, тапани од дрвени и метални предмети, музичка спирала од бамбус, зурла од гумени ракавици и пвц цевки и многу други преку кои децата ќе ја откријат структурата, бојата и изворот на звукот и ритамот. Пристапот кон инструментите и гласот ќе биде повеќе како кон играчка или алатка, а не како кон нешто чие употребување е нужно да го усовршиме.

Бенефити од курсот – Најзначајниот бенефит од посетување на Звучна Вселена е развивањето на искрена љубов кон музиката како начин на изразување. Останати бенефити се развој на креативната интелигенција, самодоверба, развој на чувство на заедништво и хармоничност, развој на спретност и оригиналноста и секако стекнување на музичка култура.

Почеток: 01. октомври, сабота, 11ч.
Одржување: 1 неделно- секоја сабота 11:00 - 12:15 ч.
Цена на курсот: 3.000 ден.
Пријавување: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Превземете ја целосната програма тука

Автор на програмата и ментор на курсот
Јулија Ѓорѓевиќ е вокалист и свири на флејта. Основно и средно музичко школо заврши на отсекот за флејта, а во моментот е апсолвент на Факултетот за музичка уметност, отсек пеење. Од своето најрано детство глуми и пее во театарски претстави, ја истражува музиката и звукот во разни облици, посветувајќи внимание на откривање на нови начини на слушање и создавање на музика. Ги сака децата, бидејќи според неа тие не потсетуваат на нашата изворност и спонтаност. Кон нив секогаш се труди да развие холистички пристап и да им овозможи да откриваат нови нешта. Сака да ги поттикне децата да научат да слушаат и создаваат музика воедно искусувајќи ја радоста на истражувањето и искажувањето.
Практикува јога 5 години, има искуство како асистент во јога училиште, а особено се интересира и ја истражува областа јога за деца.
“Со оваа програма би сакала да им овозможам на децата искрен и непосреден однос со внатрешниот духовен простор кој музиката многу добро знае да го пополни. Целта не е да создадеме музички таленти и ѕвезди, туку пријатно чувство и љубов кон сопствениот креативен потенцијал.”

COURSE DESCRIPTION - SOUND UNIVERSE

Duration of the course: 8 classes
Age: 5 -8 years of age
Number of participants: 10 – 12 children

SOUND UNIVERSE - Beginner’s 8-week course on development of vocal capabilities and creativity at the earliest age

The programme for the course titled Sound Universe is aimed to enable children to freely and confidently dive into the world of music. Our philosophy is that everybody can create music everywhere and with anything. Music is endless as the universe and it offers each and every one of us a limitless space where we can fully express ourselves. The children sense that and they are spontaneous in this musical world. The aim of our programme is to awaken and strengthen the natural creativity in children. The activities of our programme will enable development of personality, enhancement of intelligence and creativity, unobtrusively, through singing, dancing and playing instruments. This programme is not a classical music school because we believe that all children are talented to create music.
Every class of the Sound Universe starts with 15 minutes of yoga exercises for children by which the mental and creative energy is released in a constructive manner and self-confidence, wittiness and originality are developed.
The class then continues with vocal and sound exercise that awaken and release the voice. Through a game, the children experiment with their vocal capabilities and at the same time they learn how to use this unique instrument we all possess.
Musial instruments are being made such as a water xylophone, drums from wood and metal object, musical bamboo spiral, a zouria (a kind of clarinet) from rubber gloves and pvc pipes and many other instruments through which the children will discover the structure, colour and source of sound and rhythm. The approach to the instruments and the voice shall be more of a toy or tool and not as something whose use is necessary to be perfected.

Course benefits – The most significant benefit from the Sound Universe course is the development of true love of music as a tool for expression. Other benefits include development of creative intelligence, self-confidence, development of sense of unity and harmony, development of dexterity and originality and acquisition of music culture.

Start: October 1, 2016 (Saturday) at 11:00 a.m.
Duration of classes: Once a week - every Saturday from 11:00 - 12:15 a.m.
Course price: 3.000 MKD
Applying for the course at: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Download the complete programme here

Author of the programme and course mentor
Julija Gjorgjevik is a vocalist and she plays the flute. She finished elementary and secondary music school at the Flute Department and at the time being she is a graduate student at the Faculty of Music Arts majoring singing. Since her early childhood she acts and sings in theatre plays, explores music and sound in different forms, dedicating her attention to discovering new ways to listen to and create music. She loves children, because according to her, they remind us of our originality and spontaneity. She always trys to develop a holistic approach to them and enable them to discover new things. She wants to encourage children to learn to listen and create music at the same time experiencing the joy of research and expression.
She has been practicing yoga for 5 years and has experience as an assistant at a yoga school, and she is particularly interested in and researches yoga for children.
“With this programme I would like to enable children to have a truthful and immediate relationship with the inner spiritual space that music can fill in very well. Our aim is not to create musical talents and stars, but pleasant feelings and love towards one’s own creative potential.”