×
ОПИС НА KУРСОТ - ВОЛШЕБНА КУЈНА

Научно образовна програма за развој на моторика, креативност и вкусови кај деца од 4 до 11 години.

Програма: образовна работилница за развој на креативност и моторика
Интензитет: 8 (осум) седмици, настава секоја сабота
Почеток: сабота, 11. февруари, 2017
Времетраење: 11:00 – 13:00ч
Ментор: Јулија Ончевски
Цена: 3.200 денари (за целиот курс од 8 недели)
Место: Јавна соба, кат 1 – Детска соба

Пријавување: Пријавувањето е задолжително!
Бројот на места е ограничен на 10 деца, запишувањето на децата е на принцип прв јавен, прв запишан!
Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Пријавувањето се врши со испраќање на податоци ( име, презиме и година на раѓање) за вашето дете на: contact@publicroom.org
Контакт: Јулија Ончевски, 077 869 393 // limun.plavi@gmail.com


Волшебна кујна е 8 неделна програма (секоја сабота од 11:00 до 13:00ч) за млади креативци од 4 до 11 годишна возраст, каде децата имаат можност преку храната да научат за различни култури и традиции, ја развијат својата моторика и креативност. Почнувајќи од припрема на тесто и моделирање на најразлични фигури кои ќе бидат исполнети со здрави состојки, припрема на колоритни салати и слично, ќе ги натера децата да сами произведуваат храна за себе и/или своите родители, и истата финално со гордост ја конзумираат. Децата преку оваа програма учат да бидат одговорни кон храната, да ја споделат, да бидат иновативни во поглед на форми, бои, вкусови, финален изглед и сервирање на храната.
Дополнително, програмата Волшебна кујна дава можност да децата сами садат одредени култури (зачини, домати, пиперки и сл.) и се грижат за истите во текот на 8 (осум) месечниот курс.
Секоја сабота од 11:00 до 13:00ч децата ќе работат со свеж зеленчук и овошје, разни видови житарици, р’жено брашно, овесно брашно, брашно од наут, пченкарно брашно, зачински билки, нерафинирано масло, химајалска сол, здрави шеќери како агавен, мед, стевиа, прoчистен путер наречен ги и сл. Како финален продукт на оваа програма предвидено е припрема на ручек за родителите.

Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!
Пријавувањето се врши со испраќање на податоци ( име, презиме и година на раѓање) за вашето дете на: contact@publicroom.org
Контакт: Јулија Ончевски, 077 869 393 // limun.plavi@gmail.com


ПРОГРАМА

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Најновите истражувања покажаа дека децата кои ја приготвуваат храната со своите родители и учествуваат во целиот процес на готвењето јадат повеќе зеленчук споредено со оние деца кои не готват со родителите и не учествуваат во тој процес. Истражувањата исто така покажале дека кога децата се вклучени во подготвување на оброкот, истиот го јадат целосно, и не постои отпор кон храната.(прочитај тука)

МОТОРИКА, КРЕАТИВНОСТ И ОДГОВОРНОСТ
Во кујната децата развиваат моторика, креативност, добри навики и свест за тоа што е здрава храна, учат што е тоа одговорност и развиваат концентрација соочувајќи се со, тава, маталка, сукало за тесто и сл., се разбира под будното око на нивниот ментор. Програмата процес на паралелна работа со бои, форми и вкусови. Ова е особено значајно во ова време на ајфони и ајпеди, кои што го намалуваат вниманието и концетрацијата кај децата.

САМОДОВЕРБА
Самодоверба исто така може да се гради во кујната. Ако на децата им дозволиме сами да ги создаваат рецептите, со тоа без сомневање ја поттикнуваме нивната самодоверба. Ако децата посакаат во бурек да стават нутела, тогаш треба да ги охрабриме, кој знае можеби од тоа ќе се создаде некое ново популарно јадење.

СВЕСТ
Многу е значајно уште од мали нозе кај децата да се создаде свест дека храната е многу важен фактор во животот. Независноста во исхраната сигурно ќе придонесе да се формира независна и самостојна личност, а кујната и умешноста во истата е место каде таа активно се развива. Да претпоставиме дека како тинејџер или адолесцент не умееме да си подготвиме најобични јадења, и продолжуваме така и понатаму, неизбежно се поставува прашањето каков пример ќе им дадеме на нашите деца кога ќе станеме родител.

Една мудрост на источните народи вели: "Ти си она што го јадеш".
Запишете го вашето дете и видете каква трансформација во поглед на креативност, моторика и однос кон храна ќе доживее за 8 (осум) недели.

Јавна соба – центар за дизајн
www.publicroom.org // contact@publicroom.org