×

SOCIAL SUNDAY

Дневна забава за сите генерации

Безгрижна забава за родители кои сакаат да уживаат во пријатна неделна атмосфера. Сè додека децата посетуваат една или повеќе работилници на кат 1 со професионални ментори по кулинарство, дизајн размислување, моделирање и сл. и ја надградуваат својата креативност, родителите спокојно ќе се дружат со своите пријатели во топол и опуштен амбиент во Јавна соба.
Јадење на денот: Семејна паста (за 4 лица) со намирници по избор.



ПРОГРАМА за МЛАДИ КРЕАТИВЦИ
Кулинарска работилница – направи своја паста
SLAVA ROOM
Возраст: 6 - 12 години
Учество: 350 денари
Време: 10:00 – 12:00 // 12:30 – 14:30 // 15:00 - 17:00
Број на деца по работилница е ограничен
Опис: Дозволете децата да имаат малку поинаква забава во кујната. Тие ќе бидат повеќе склони да го јадат она што помогнале да го подготват и да засакаат зеленчуци и овошја кон кои имале аверзија. Можеби нивниот рецепт ќе се најде и на нашето мени во Јавна соба.

Design Thinking Работилница
MAKERS ROOM
Возраст: 7-13 години
Учество: 400 денари
Време: 10:00 - 16:00
Број на деца по работилница е ограничен
Опис: 240мин. исполнети со креативно размислување. Предизвик за сите млади креативци како да дизајнираат прототип на апликација за мобилен телефон. Проект кој содржи 13 креативни работни листови кои ја развиваат детската имагинација подлабоко од вообичаеното.

Jumping Clay Работилница
KIDS ROOМ
Возраст: 4-15 години
Учество: 400 денари
Време: 10:00-12:00 / 12:30-14:30 / 15:00-17:00
Број на деца по работилница е лимитиран
Oпис: Дечињата ќе можат да ја разбудат својата фантазија користејќи ја оваа полимерска глина која е мека, лесна, комплетно нетоксична, со мирис на јасмин и нежна текстура како ниедна друга глина. Дојдете на неделно креативно и продуктивно дружење, бидејќи најдраги ни се нештата кои ги изработуваме сами!

Детско ќоше со ”Melissa and Doug” играчки
ПРИЗЕМЈЕ
Време: 10:00-17:00
Возраст: 2 – 5 години
Учество: Бесплатнo
Опис: Во ќошето со дрвените играчки на ”Melissa and Doug” ќе најдете безброј различни начини на кои најмалите дечиња ќе може да се инспирираат, забавуваат и дружат.

DJ Tose Veljanov
13:00 – 17:00h

АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ!
Резервација на маса на: contact@publicroom.org & 078 250 554