×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Работилницата е посветена за оние кои отсекогаш сакале да шијат, а немале време, помош или мотив.
Ќе дизајнираме и изработуваме ташни кои може да ги користиме за различни намени. Додека работиме ќе разговараме за видови на ткаенини, разни текстилни влакна, нивна употребна вредност и намена, разни комбинации на ткаенини и материјали, како и за дизајн, бои и нијанси.
На работилницата ќе научите како од замисла да дојдете до готов производ, преку цртање на скица, моделирање, кроење и шиење.
По завршувањето ќе си отидете дома со нова модерна и креативна ташна и испечатени примероци со помош на кои ќе може да изработите уште многу нови модели и дизајни.



Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Пријавување: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Оливија Георгиевска во моментов работи како наставник по Македонски јазик и литература во Меѓународното училиште НОВА. Со изработка на разни украсни предмети од хартија (цветови, оригами, салфетна техника), глина, гипс (леење), текстил (предмети од фелт, слики од текстил, навлаки за перничиња) како и сликање на разни медиуми се занимава повеќе од 25 години. Зад себе има самостојна изложба на слики од свила, самостојна изложба на сликано стакло и керамика, повеќе пати изложувани слики на изложби на ДЛАМ, како и самостојна изложба на фотографии во Музеј на Град Скопје (2002), но и освоени награди за фотографија на неколку изложби. Освен тоа, во слободно време прави накит од конец, кожа, кристали, експериментира со плетење, везење и шиење, а постојано со уживање учи нови техники.