×

Курс за дизајн на амбалажа на производ и промоција

(по методологија на дизајн размислување)

Не само нам, туку општо во светот, потребни се млади дизајнери кои оваа планета ја направат подобро место за живеење! Учењето започнува сега!
Курсот за дизајн на амбалажа на производ и промоција е 12 неделна интензивна обука по методологијата на дизајн размислување во која децата на возраст (9 – 13 години) развиваат дизајнерски пристап на размислување и работа во следниве чекори,
1. Дефинирање на предизвик – конкретен производ на кој се работи,
2. Разбирање на сфаќањата на корисникот – за кого е наменет тој производ,
3. Изнаоѓање на можности – од идеја до решение,
4. Изработка на прототип – вистински амбалажа и брендинг,
5. Осмислување на промотивни активности за промоција на производот,
6. Тест на дизајнот пред поширока јавност со презентација,
7. Доделување на диплома за завршен курс по дизајн на амбалажа.
Преку практична работа, изнаоѓање на конкретни решенија за постоечки производ (проблем) оваа метода на работење, можеме слободно да ја наречеме “креативна пракса”, која сѐ уште не е застапена во конвенционалното образование. За да се добие една здрава генерација на иноватори, дизајнери и креативни умови, потребно е од најрана возраст децата да се насочат кон изнаоѓање на конкретни и применливи креативни решенија.Ние знаеме дека децата можат многу, многу повеќе одошто им е овозможено во школските клупи.



ОПИС

Наслов: Курс за дизајн на амбалажа на производ и промоција
Формат: Практично образовние, базирано на решавање на реален проблем низ иновативно размислување и работа
Настава: Секој четврток 17:30 -19:30ч.
Период: 1. март - 17.мај
Учесници: Деца на возраст од 9 до 13 години
Работен јазик: Англиски
Пријавување: Пријавувањето се врши со испраќање на исполнет ФОРМУЛАР, најдоцна до 25.февруари, 2018
Ментор: Ина Михајлова
Локација: ЈавнаСоба – центар за дизајн и иновации 50 Дивизија 22, 1000 Скопје
Опис: Напреден курс за дизајн на амбалажа, каде учесниците ќе ги поминат сите фази на дизајн размислување и ќе изработат прототип на амбалажа за познат производ. Подоцна, штом се издизајнира амбалажа и брендот, секое дете пристапува кон изготвување на сценарио за реклама за истиот производ. Снимањето на рекламата е во соработка со тимот на деца учесници, а финалните резултати ќе бидат јавно претставени во центарот за дизајн и иновации Јавна Соба во форма на саем, на што ќе следи доделување на дипломи за завршен курс. Пакетот содржи12 наставни часа (1 наставен час = 2 часа) со сертифициран ментор, работни листови и обезбедени материјали и опрема.
Цена: 7.500 МКД
Информации: angela@publicroom.org, ina@publicroom.org



ПРОЦЕС



ПРОГРАМА

Час 1: Идеа
Гласно размислување за концептот и карактеристики на производот

Час 2: Таргет
Одлучуваме за кого сакаме да дизајнираме и кому сакаме да помогнеме со создавањето на нов производ/нова амбалажа.

Час 3: Aнализа на идеата и таргетот, Разбирање на корисникот
Подобро запознавање со луѓето за кои сакаме да дизајнираме производ, за да ги разбереме нивните потреби.

Час 3: Анализа на пазарот
Различни решенија кои би биле корисни за луѓето, истражување на постоечки производи на пазарот.

Час 4: Скицирање на брендот и графичкиот дизајн за производот.
Пренесување на идеата во 2Д форма

Час 5: Макета
Првична изработка на идејното решение

Час 6: Макета
Завршување на макетата со презентација и дискусија/критика од останатите.

Час 7: Изработка на прототип
Изведба на идеата во 3Д форма

Час 8: Изработка на прототип
Завршување на прототипот со презентација

Час 9: Снимање на реклама

Час 10: Снимање на реклама 2

Час 11: Монтирање на реклама

Час 12: Монтирање на реклама 2

ИЗЛОЖБА во ЈАВНА СОБА во форма на саем на нови производи.
Презентација на рекламите и производите пред пошироката јавност. Објава во медиуми и промоција на изложбата.
Секој учесник во курсот добива диплома за завршен курс по дизајн на амбалажа.