×

КУРСЕВИ ПО ПИЈАНО И РАЗВОЈ НА ДЕТСКА КРЕАТИВНОСТ

Курсот е наменет за деца на возраст од 3 до 6 години. Приемот за секое дете е слободен (без аудиција). Наставата се одвива во мали групи (од 3-6 деца) на акустично пијано . Во текот на секое полугодие, според нивото на групата, се обработуваат 5 до 7 пиеси, а на завршниот концерт настапуваат сите деца соло или во дует. Наставните материјали се обезбедени од професорот, а децата ги носат дома по завршување на методската единица.

ОТВОРЕН ДЕН ЗА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА: 18:00 – 20:00ч, среда, 20. Јануари, 2016
ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВА: Еднаш седмично - Среда 18:00 – 18:45ч
ЦЕНА: 300 МКД за час
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КУРСОТ: 3 месеци
ФИНАЛЕН ИСПИТ: Концерт, соло или групна изведба


ЗОШТО БАШ ВАШЕТО ДЕТЕ?

Организирана и континуирана систематска настава на пијано со професионално определена програмска содржина, на вораст од 3-6 години, е широко применета во многу развиени земји во светот, а позитивните ефекти врз развојот на детето (зголемување на коефициентот на интелигенцијата, психо-менталните, емоционалните, мануелно-моторните, социјалните, естетските и моралните вредности) се докажуват во низа научни истражувања. Ефектите кај децата се забежуваат уште во првите седмици од курсот.
Музиката најчесто се поврзува со забава и задоволство, кое го аспектира емоционалниот ефект врз личноста, но свирењето на музички инструмент стимулира комплексни активности на двете хемисфери на мозокот што директно влијае врз развојот и зголемувањето на голем спектар способности кај детето. Креативните музички игри ја развиваат координацијата на движењата, моториката, вербалното изразување и дикцијата, ја поттикнуваат фантазијата и ја зголемуват концентрацијата, влијаат врз односот кон просторно-временската димензија, ја зајакнуват самокритичноста и дисциплината, го мотивират детето да ги истражува сопствените потенцијали и ги зголеми работните способности.

Курсот по пијано трае 3 месеци, а наставата која е под менторство на проф. Проф. М-р Слаѓана Јовановиќ и М-р Петар Макериевски се посетува еднаш седмично.


НАСТАВНИ ЦЕЛИ

• Запознавање со музиката и нејзините изразни средства (ритмика, интонација, мелодија, хармонија)
• Практично музицирање на клавијатура
• Поврзување на музиката со литература, поезија, ликовна уметност и танц
• Поттикнување на креативните потенцијали на детето за уметничко изразување и јавна презентација
• Музиката како начин на комуникација и социјализација, како оригинален и единствен јазик во светот



КОНТАКТ

Кристина Алексовска
e: kristina@publicroom.org
w: publicroom.org
a: Јавна соба – центар за дизајн и иновации,
50 Дивизија 22, 1000 Скопје