×

Petar`s Piano Room - часови по пијано, солфеж и теорија на музика

Наставен план: Индивидуални часови по пијано, солфеж и теорија на музика. Слушање на музика, дискусии околу изведба на делата, вовед во историјата на музиката.
Почеток: Во договор со кандидатот
Локација: Јавна Соба - центар за дизајн и иновации
50та Дивизија 22, Скопје
Профил на учесници: Може да се пријават сите заинтересирани кандидати, без ограничување на возраста, како и нивото на предходна подготовка.
Времетраење на часовите: Часот трае 60 минути и се оддржува еднаш неделно во договор помеѓу менторот и кандидатот.
Цена на часовите: Цената на еден час е 1.500 денари или 6.000 денари месечно.
Услови за учество: Љубов кон пијаното и музиката. Малолетните кандидати се пријавуваат со родител/старател. Во договор со менторот кандидатите добиваат нотен материјал во нивна сопственост.
Ментор: М-р Петар Макариевски - пијанист, професор по пијано и камерна музика, стручен пијано соработник.
Рок на пријавување: Пријавувањето е отворено во текот на целата година. Часовите се договараат со менторот и кандидатот.
Начин на пријавување: Контакт телефон - Кристина 072/566 - 515 или на мејл: kristina@publicroom.org


За часовите:
“Petar`s Piano Room” е отворено студио за музика во кое ќе се оддржуваат приватни часови по пијано, солфеж и музичка теорија. Часовите се индивидуални, во времетраење од 60 минути, се оддржуваат еднаш неделно (по барање на кандидатите постои и опција за два часа неделно), и предвидени се за сите возрасти.
Часовите ќе бидат комбинација од практично совладување на инструментот, совладување на нов репертоар, солфеж, теорија на музика, и елементарна историја на музиката.
Репертоарот може да биде заеднички договорен со кандидатот, со посебен акцент на класичната литература, но и филмска музика, “world music”, како и според личниот интерес на кандидатот.
Кандидатите ќе бидат потикнувани на слушање на музика; дискусија околу начините на изведба на делата.
Кандидатите ќе имаат два завршни концерти на кои ќе бидат презентирани дела кои ги работеле во текот на семестарот.
По желба, како и можностите на кандидатот, предвидени се и индивидуални концерти на кандидатите.


Ментор: м-р Петар Макариевски

Петар Макариевски дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар. Од 2001- 2003 посетува магистерски студии по пијано и камерна музика во Софија, Бугарија каде магистрира под менторство на проф. Антон Диков. Во периодот од 2011- 2014 живее и работи во Атланта, САД каде завршува уште еден степен на магистерски студии. Истиот период работи како асистент на Државниот Универитет во Атланта во класата на Д-р Серѓо Гало, професор по пијано, теорија на музика и солфеж, и хонорарен пијано соработник на Државниот Универзитет во Атланта. За време на престојот во САД, Макариевски реализира голем број на концерти низ Атланта; настапува како солист и камерен музичар, и како солист со неколку оркестри.
Макариевски посетувал мастер класови водени од еминентни пијанисти како: Cristopher O`Riley (САД), Alberto Urroz (Шпанија), Nicholas Roth (САД), итн. Реализира солистички концерти и концерти на камерна музика низ Македонија, како и солист со Македонската Филхармонија. Бил член на жирија и официјален пијано соработник на мeѓународни натпревари.
Во моментот работи како стручен пијано соработник во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.

Petar`s Piano Room - Piano, Theory of Music and Solfeggio Lessons

Curriculum: Individual piano lessons, theory of music and solfeggio lessons. Listening and discussing about music performance, elementary history of music.
Commences: In coordination with the candidate
Location: Public Room- centre for design and innovations
50 Divizija 22, Skopje
Candidate profile: Open for all ages. No previous music background needed.
Lessons span: Each lesson is 60 minutes, on a weekly basis, and in coordinate with the candidate.
Price: 1.500 MKD per lesson or 6.000 MKD monthy
Condition for enrolment: Just love for piano and music. Minors apply with parent/tutor. Music scores are in candidate`s possession.
Mentor: Petar Makarievski MM- pianist, piano and chamber music professor, collaborative pianist.
Deadline: There is no deadline. Lessons are open throughout the year, and set in mutual agreement with the mentor.
How to apply: Call Kristina at 072/566 – 515 or email: kristina@publicroom.org






Briefly about piano lessons:
“Petar`s Piano Room” is open music studio for private piano, theory of music and solfeggio lessons. Each private lesson is 60 minutes, once a week (if needed the candidate can apply for two lessons a week), and no age limit.
You will be thought how to overcome the technical issues, learning new repertoire, solfeggio, theory of music, and elementary history of music.
Mutually we will choose your repertoire-varying from the classical repertoire, world music, movie tunes, and candidates personal choice.
Candidates will be strongly encouraged into listening and debating about her/his interpretation and performing.
All candidates will be publicly performing their pieces in two concerts.
Advanced candidates will be encouraged to give their own recitals in public.





Instructor: Petar Makarievski MM

Petar Makarievski earned Bachelor degree in piano performance in Skopje, Macedonia in prof. Jasminka Cakar`s class. From 2001- 2003 he attended and graduated in MM degree in Sofia, Bulgaria supervised by prof. Anton Dikov. The period of 2011- 2014 Makarievski lived and worked in Atlanta, USA graduating in second MM degree. He worked as an assistant at Georgia State University in Dr. Sergio Gallo class, teaching piano, theory of music and solfeggio, and part-time collaborative pianist at Georgia State University. During his stay in Atlanta, Makarievski performed many solo and chamber music concerts, and as a soloist with several orchestras in Atlanta.
He participated in master-classes held by Cristopher O`Riley (USA); Alberto Urroz (Spain); Nicholas Roth (USA). Makarievski performs solo and chamber music in Macedonia, and as a soloist with Macedonian Philharmonic Orchestra. He has been a jury member, and an official piano accompanist at several International competitions.
At the moment Makarievski works as a collaborative pianist at the State Music and Ballet School in Skopje, Macedonia.