×

КУРС ЗА ФОТОГРАФИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
Фото курс за деца на возраст од 10 до 16 години

Настава: Еднаш неделно,  секој понеделник, 18:00-20:00ч.
Почеток: 7-ми Декември 2015
Локација: Јавна Соба - центар за дизајн и иновации
50та Дивизија 22, Скопје
Профил на учесници: Деца и млади на возраст од 10-16 години, мотивирани да навлезат во тајните на фотографијата
Работа во група: Максимум 20 учесници
Времетраење на курсот: 32 часа со вклучена практична работа.
Цена: 10.000 ден
Услови за учество: Учесниците треба да поседуваат сопствен фото апарат
Задолжителна писмена согласност од одговорен возрасен.
Ментори: Сашо Алушевски и Татјана Ранташа
Рок на пријавување: 1. декември, 2015

(СИМНИ ПРИЈАВА)

Начин на пријавување: Пополнетата пријавата испратете ја на kristina@publicroom.org  најдоцна до 1.декември 2015


Со успешното завршување на курсот учесниците добиваат диплома и учество на завршната изложба во Јавна Соба.
По завршувањето на курсот учесниците ќе имаат увид, знаења, вештини и информации кои ќе им овозможат свесно да ги користат функциите кои нивните фотоапарати им ги нудат, да прават фотографии кои ќе ги следат основните композициски и естетски правила на фотографијата и фотографскиот медиум, да ги применуваат стекнатите знаења и вештини во секој домен.
Секој час, предавање и практична вежба во од ќе се прилагодува на нивото на групата и на проценетите индивидуални потреби на секој учесник-учесничка. Предавањата се осмислени така што се базираат на заедничко учење, интеракција и практично совладување на бараните вештини. Нивото е напредно, но по потреба ќе бидеприлагодено на потребите и возраста на учесниците.
Предавачите ќе бидат достапни за сите совети, дилеми, барања и појаснувања и вон формалните термини на одржување на курсот.

Рок на пријавување 01.12.2015

(СИМНИ ПРИЈАВА)



ЗА КУРСОТ:
Курсот ќе ги овозможи стекнување на следниве знаења и вештини:

Вовед (2часа)
• Запознавање, формирање на групата, што е фотографија?

Фотографски техники и технологии (6 часа)
Функции на фото апаратот, практични задачи, основни правила за добра фотографија.

Фотографски жанрови и пристапи ( 4 часа)

• Различни пристапи кон фотографијата, практични вежби.

Фотографски јазик и естетика на фотографијата (6 часа)
• Познати фотографи и фотографии, современа фотографија, практична вежба

Практични вежби, „фото сафари“ (4 часа)
• Фотографирање вон училницата, индивидуално или во групи, под водство на тренерите.

Обработка на фотографии (2 час)
• Основи на дигиталната обработка на фотографии.

Анализа на изработените фотографии и избор и подготовка на делата за изложба (8часа)
• Анализа на избрани фотографии настанти за време на курсот, подготовки за изложба.

МЕНТОРИ


Татјана Ранташа
Со фотографија се занимава повеќе од петнаесет години со најголемо искуство на полето на сценската фотографија. Се појавила како официјален фотограф на Литиум рекордс, Авалон, Универзална сала, Десонанц фестивал, МКЦ, Оффест, а најчесто фотографира за независниот интернет магазин за култура www.plagij.at кој го раководи. Редовно учествува и е наградувана на домашни и меѓународни изложби. Досега организирала неколку изложби, a дел од нејзините фотографии можат да се најдат во монографијата 30 години Скопје Џез Фестивал. Активен член е на ФК Елема. Во процепот помеѓу фотографирањата, се занимава со изработка на накит.
tatjana.rantasha@gmail.com


Сашо Алушевски
Автор на голем број образовни програми, прирачници и обуки, кои се користеле или користат во земјава и во странство. Скоро дваесет години работи во формалното и особено во неформалното образование со најразлични возрасти и групи.
Актуелен претседател на ФК Елема, со фотографија се бави над петнаесет години. Изложувал на многубројни изложби во земјава и во странство, на кои често добивал и награди. Фотографира најмногу концептуална фотографија, театар и концерти. Голем дел од тие фотографии можат да се видат на www.plagij.at каде и редовно објавува текстови. Дел е од креативниот тим на фестивалот МакеДокс. Активно и гордо волонтира на најразлични сајтови, програми, акции.
hakfin@plagij.at

PHOTOGRAPHY COURSE FOR KIDS AND YOUNG ADULTS
Course for youth from 10 to 16 years old

Classes: Once a week, each Monday 18:00-20:00h
Commences: 7th December, 2015
Location: PUBLIC ROOM – center for design and innovations
50 Divizija 22, Skopje
Participants profile: Youngsters motivated to enter the magic of photography. Some photographic skills would be considered as a plus but are not essential for participation.
Working group: maximum 20 participants
Duration: 32 hours with practical work included
Price: 10.000 MKD
Conditions for participation: Each participant is expected to have their own camera.
Each participant needs to declare approval from parent for course attendance
Mentors: Sasho Alushevski and Tatjana Rantasha
Application deadline: 1st December, 2015

(DOWNLOAD APPLICATION FORM)

How to apply: Download, fill in and send the application form to kristina@publicroom.org before December 1st, 2015


All the participants that will exceed the course will get certificate and their works will be shown at the closing exhibition in Public Room.
After finishing the course the participants will have better insight, knowledge, skills and information that will allow the knowingly to use the properties and functions of their cameras, to be able to make photographs that will follow the basic aesthetic rules of photography, to apply their gained knowledge and skills in any domain of their photographic experience.
Every session, lecture and practical assignment will be adapted on the fly of the level of the group and noticeable individual needs of every participant. Every session is designed in a manner of peer learning, interaction and practical way of integrating the skill. The intensity of the instruction is also leveled according to the needs and age of the participants.
The lecturers will be available for any kind of advice, questions, needs and explanations beside the formal sessions as well.


Application deadline: 1st December, 2015

(DOWNLOAD APPLICATION FORM)




ABOUT THE PHOTOGRAPHY COURSE:
During the 32 hours course, participants will learn the following:

Introduction (2 hrs)
• Getting to know each other, group building, introduction to photography, what is photography for us

Technical part (6 hrs)
• Parts and functions of the camera, practical assignments, basics of a good photography.

Photographic genres (4 hrs)
• Different approaches to photography,, practical assignments.

The language of photography and the photographic aesthetics (6 hrs)
• Famous photographers and their work, contemporary photography, practical assignments.

Practical outdoor group shooting mini photo safari (4 hrs)
• Taking photos out of the classroom, under guidance.

Photo editing (2 session)
• Basic photo editing

Analysis of the participant’s works, selection and preparing the works for exhibition (8 sessions)
• Group analysis of the works made during the course, preparations for the exhibition.

MENTORS

Tatjana Rantasha
More than fifteen years of active experience in photography, mostly of stage photography. Throughout the years she has been the official photographer for Lithium Records, Avalon, Universal Hall, Desonanz Festival, MKC, OffFest and is the main photographer and in charge of the independent web magazine for culture www.plagij.at. On a regular basis she participates, and has been awarded in national and international exhibitions. So far she organized several exhibitions and her photographs can be found in the monograph “30 years Skopje Jazz Festival”. An active member of Photo club Elema. Among other things she makes excellent handmade jewelry.
tatjana.rantasha@gmail.com

Sasho Alushevski
Author of numerous educational programs, manuals and trainings that are used in Macedonia and abroad. Almost twenty years is working in formal and especially informal education with different ages and groups.
Current president of PC Elema, being active in photography over fifteen years, exhibiting in various national and international exhibitions, where often was awarded. His work is mostly around concepts, theater and concerts. Immense chunk of his work can be seen at www.plagij.at where publishes texts as well. Part of the creative team of the MakeDox festival. Active and proud of it volunteer at many web sites, programs, actions.
hakfin@plagij.at