×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 8 - 15 години со оглед на тоа дека на оваа работилница децата треба да имаат основно познавање на превиткување и лепење, како и самостојно боење со темперни бои. Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:

Изучување на хартијата, разни видови и ре- употреба (рециклирање) во скоро сите сфери на нашиот живот.
Учење на спектарот на бои – топли и студени тонови, употреба на нијанси и како да се создадат и комбинираат (уметност).
Боење – користење на разни видови четки, умеење да се контролира водената маса врз хартијата.
Виткање, превиткување, прецизно сечење, лепење и составување.

Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи од обичното парче хартија да изработат цветови кои може да имаат разновидна декоративна функција - како дел од подарок, декор во детската соба, елемент вклучен во декорации за коса, накит и многу други намени. На крај на работилницата ќе се гордеат со својата креативност, идеја и изработка.



Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Пријавување: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Оливија Георгиевска во моментов работи како наставник по Македонски јазик и литература во Меѓународното училиште НОВА. Со изработка на разни украсни предмети од хартија (цветови, оригами, салфетна техника), глина, гипс (леење), текстил (предмети од фелт, слики од текстил, навлаки за перничиња) како и сликање на разни медиуми се занимава повеќе од 25 години. Зад себе има самостојна изложба на слики од свила, самостојна изложба на сликано стакло и керамика, повеќе пати изложувани слики на изложби на ДЛАМ, како и самостојна изложба на фотографии во Музеј на Град Скопје (2002), но и освоени награди за фотографија на неколку изложби. Освен тоа, во слободно време прави накит од конец, кожа, кристали, експериментира со плетење, везење и шиење, а постојано со уживање учи нови техники.

ЦИКЛУС КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ, 2015

Јавна соба во соработка со Оливија Георгиевска организира креативни детски работилници преку кои се трасира патот на најмладите дизајнери преку,
- Сликање украсни навлаки за перничиња
- Сликање сопствен дизајни на маица
- Сликање сопствен дизајн на хеланки