×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Работилницата “Учиме, играме и креираме” овозможува Вашето дете преку игра да ја разбуди креативноста во него и да научи нешто ново и интересно. Креативноста помага двете хемисфери од мозокот да бидат неразделно поврзани и заедно да работат.
Меѓу сите мрежи и центри во нашиот мозок, постојат три мрежи кои се знае за што се користат во креативното размислување.
- Мрежа за контрола на вниманието ни помага со ласерски фокус на одредена задача. Тоа е оној кој ние го активираме кога треба да се концентрираме на сложени проблеми или да се обрне внимание на некоја задача како читање или слушање на разговор.
- Мрежа на имагинација, како што може да претпоставите, се користи за нешта како си замислуваме идни сценарија и сеќавајќи се на она што се случило во минатото. Оваа мрежа ни помага да изградиме ментални слики, кога ние сме ангажирани во овие активности.
- Мрежа на флексибилност на вниманието има важна улога на надзор што се случува околу нас, како и во нашите мозоци, и за промена меѓу мрежата на имагинација и и мрежата за контрола на вниманието.
Начинот на кој ние ќе ја разбудиме или развиеме креативноста кај Вашето дете е употребата на Fisher Tips!

Работилница “Моето омилено животно” - Воведување на новите деца што се Fisher Tips, како се употребуваат и развивање кратка дискусија кое е нивното омилено животно и зошто. - Март е период од годината кога животните почнуваат да се будат од зимски сон. Животните се важни поради многу причини: помошта што ја даваат за изградба на екосистеми, психолошката и емотивната поддршка што ја даваат на луѓето и стекнатото знаење од човечки студии на нив. Животните можат да обезбедат големи можности за забава и учење. Повеќето деца природно се привлечени кон животните. Затоа интеракцијата со животни може да биде забавна активност каде учењето доаѓа како пропратно влијание. Децата стануваат поактивно вклучени и учењето ќе стане полесно кога тие се заинтересирани и кога уживаат. Затоа сликите од животни се користат во училишните активности во текот на наставната програма - на пример пребројување на лавови во математика. Животните, исто така, често се користат во училиштата да ги научат децата да се грижат за нештата и циклусот на животот. - Изработка на омиленото животинче, приложување на изработката, фотографирање



Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Пријавување: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Работилницата ќе ја води Теодора Васиљевиќ - Теа, (23 год.) вработена во фирмата Brainobrain Europe, фирма за едукација, развој на разни вештини и способности кај децата. Покрај тоа таа е и апсолвент на ФБЕ факултетот отсек: финансиски менаџмент, а своето слободно време го исполнува со давање приватни часови по Англиски јазик на сите старосни групи но предност секогаш им дава на најмладите т.е. децата. Покрај тоа свири ударни инструменти, има свој бенд, обожува музика и сака да оди на концерти. Своето најголемо искуство во работа со деца го има стекнато за време на нејзиниот двегодишен престој во САД каде што има работено како бејбиситер на деца од 2 до 10 годишна возраст.