×

ОПИС НА КУРСОТ - КРЕАТИВНО ГОТВЕЊЕ

Формат: практичен курс по креативно готвење
Тема: италиjанска кујна
Времетраење: 8 недели (секоја Недела по 2 часа во период од 2 месеци)
Почеток: 19. март, 2017 ( 12:00 ч.)
Место: Јавна соба – дизајн центар
Ментори: Missy Onion (Елена Џајкоска и Аида Реџепагиќ)
Цена на курсот: 9.000 денари (вклучена опрема, намирници и туторијали за готвење, дужење и забава)
Упис: задолжителен (бројот на учесници е лимитиран), а учесниците се запишуваат на принцип прв пријавен - прв запишан
Контакт: W. www.publicroom.org; M. contact@publicroom.org; F. publicroomskopje ; T. +389 78250554

ЗА КУРСОТ
Јавна соба и Миси онион организираат 8 неделен курс по креативно готвење за индивидуалци или парови кои сакаат да научат како се подготвуваат најдобрите италијански специјалитети (чабата, фокача, домашна паста, вкусно месо за неколку минути, салати, дресинг и десерти) и прекупрограмата да ги зголемат своите готвачки и социјални вештини. Она што се врежува во секој еден учесник на курсот по креативно готвење е знаење кое секој индивидуално може да го надградува, во зависност од своето време и креативност.
Курсот е базиран целосно на практична настава за приготвување на храна која се подготвува лесно, брзо и чиј вкус е прифатлив за сите генерации, храна која има хранливи состојки и лесно се сервира. По завршувањето на курсот секој учесник ќе биде побогат со елементарно познавање за приготвување на: тесто, месо , домашни тестенини, зеленчук и слатки, но и со нов круг на пријатели.

ПРОГРАМАТА ОПФАЌА
• Состојките потребни за подготовка на севкупното мени.
• Алатите потребни за подготвка.
• Декорација и презентација.
• Споделување на материјали соодветни за секоја сесија во форма на видео, интернет канали, tips and tricks.
• Дискусија за состојките, начин на подготовка, начин на сервирање и презентација.
• Дегустација.
• Динамика и вклученост на секој од учесниците.
• Подарок за секој учесник.

ЗА КОГО?
Индивидуалци, гастрономи во душа, вљубеници во добра храна, кои уживаат да дегустираат и сакаат да научат повеќе кулинарски трикови во поглед на подготвување на лесна, брза и здрава храна . Луѓе кои не престануаат да учат и осознаваат а кујната ја гледаат како простор за опуштање, релаксација и социјализација. Луѓе на кои пол, вера, националност и сексуална ориентација на други луѓе не им значи ништо, туку препознаваат само човек и висински вредности, сакаат да јадат добра храна и не се срамат да кажат што мислат.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ?
• Да се пријавам на курсот со испраќање на email на contact@publicroom.org или со закажување на средба на тел. +389 78250554.
• Уплатам 9.000 денари за курсот.
• Дојдам на 19.март во 12:00 во Public Room и станам дел од: неформалното образование, креативно готвење, забава и нови пријателства.
• Бидам редовен и доаѓам на време секоја недела од 12:00 до 14:00ч и уживам во неформалното образование, дружењето и вкусната храна.
• Бидам опуштен за времетрање на курсот, активно учествувам во приготвување на храната, разменувам идеи, дегустирам храна, отворено критикувам и се социјализирам со чаша вино по завршување на секој програмски ден заедно со останатите учесници.

Превземете ја целосната програма тука

“КОЈ ГО НАПРАВИ ТОА?”
Јавна соба – дизајн центар е отворен простор кој стимулира неформално образование преку најразлични форми и методи. Како дел од програмата за кулинасрка и културна наобразба се изготвуааат најразлични креативни работилници, вечери и кратки курсеви кои допринесуваат кон кулинарска еманцинапција и продуховување.
Центарот за дизајн и иновации е хибрид од можности, креативен потенцијал, достапна програма и позитивни карактери. Aко имате необична идеја Јавна Соба е место каде што сте добредојдени да ја реализирате.
Ресторан, музика, бесплатен простор за заедничко работење, концептуална продавница, прототип работилница, библиотека, продажни базари, ликовни и дизајн изложби, професионални презентации, работилници за деца и возрасни, конференции, деловни состаноци, прослави и родендени. Урбан, мултифункционален простор отворен за сите компании, организации и ентузијасти од сите генерации.
Програмскиот дел ви овозможува да поминете пријатно пoпладне или вечер и слушнете познати музички групи и ДЈи; да изложите ликовни дела и фотографии или да погледнете изложба на уметници и дизајнери од цела Европа; да го понудите на продажба или купите вашиот омилен дизајн производ; земете учество во работилница на која ќе научите повеќе; да го донесете вашето дете на работилница на која креативно ќе го помине своето време.
Јавна соба овозможува да имате деловен состанок во мирен амбиент или одржите конференција и семинар, да прочитате книга и списание за дизајн и архитектура, да го понесете својот лаптоп и работите во инспиративна средина, како и да организирате прослава за оние кои ви значат.

Missy Onion претставува ново искуство, инспирано од концептуално здружување помеѓу уживатели на храна. Предводено од две девојки - инженери, со цел создавање на менија кои користат свежи, локални, сезонски продукти, внимателно избирајќи ги најдобрите состојки на денот.
"Ние тежнееме кон создавање нешто повеќе од храна; на крајот на денот нашите гости треба да се чувствуваат комплетно поврзани со настанот, со останатите посетители и со кујната. Ние знаеме дека собирите каде се споделуваaт квалитетни оброци и се одвиваат неформални разговори прават да се чувствуваме избалансирано, приземјено и енергично. Секој настан се одржува на различна локација, што секој пат ни овозможува поинакво гастрономско уживање. Менито, присутните гости, музиката и атмосферата се внимателно одбрани и балансирани, создавајќи комплетно кулинарско искуство." - Аида Реџепагиќ, Елена Џајкоска