×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 8 до 15 години со оглед на тоа дека бара добра координација и вештина за самостојна изработка на модели од гипс и комобинација на бои. Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:

Изучување на употребната вредност и намена на гипсот како добар моделарски материјал (хемија).
Самостојна изработка на модели од гипс (скулптура).
Учење на спектарот на бои – топли и студени тонови, употреба на нијанси и како да се создадат и комбинираат (уметност).
Дообработка на моделите и нивна намена (брошеви, магнети или украсни предмети)

Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи на нова вештина, ќе ги научи да моделираат и бојат детали, ќе ја научат важноста на нијансите и тоновите и секако...дома ќе се вратат возбудени и среќни со предмети со кои ќе можат да го украсат домот.



Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Пријавување: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Оливија Георгиевска во моментов работи како наставник по Македонски јазик и литература во Меѓународното училиште НОВА. Со изработка на разни украсни предмети од хартија (цветови, оригами, салфетна техника), глина, гипс (леење), текстил (предмети од фелт, слики од текстил, навлаки за перничиња) како и сликање на разни медиуми се занимава повеќе од 25 години. Зад себе има самостојна изложба на слики од свила, самостојна изложба на сликано стакло и керамика, повеќе пати изложувани слики на изложби на ДЛАМ, како и самостојна изложба на фотографии во Музеј на Град Скопје (2002), но и освоени награди за фотографија на неколку изложби. Освен тоа, во слободно време прави накит од конец, кожа, кристали, експериментира со плетење, везење и шиење, а постојано со уживање учи нови техники.