×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 6 до 15 години со оглед на тоа дека бара добра координација и вештина за самостојна работа на виткање, сечење, боење и лепење.Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:

Работење со неколку разноврсни медиуми – акрилни бои-боење, сечење и лепење, превиткување на хартија, работа на нерамна и округа површина и многу други интересни хартиени украси кои потекнуваат од оригами техниката

Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи да ги реализираат своите идеи во украсување на својата соба и новогодишната елка, да ги користат разните нијанси и тонови... и секако дома ќе се вратат возбудени и среќни со прекрасни новогодишни украси со кои ќе се гордеат на својата креативност, идеја и изработка.



Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Пријавување: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Оливија Георгиевска во моментов работи како наставник по Македонски јазик и литература во Меѓународното училиште НОВА. Со изработка на разни украсни предмети од хартија (цветови, оригами, салфетна техника), глина, гипс (леење), текстил (предмети од фелт, слики од текстил, навлаки за перничиња) како и сликање на разни медиуми се занимава повеќе од 25 години. Зад себе има самостојна изложба на слики од свила, самостојна изложба на сликано стакло и керамика, повеќе пати изложувани слики на изложби на ДЛАМ, како и самостојна изложба на фотографии во Музеј на Град Скопје (2002), но и освоени награди за фотографија на неколку изложби. Освен тоа, во слободно време прави накит од конец, кожа, кристали, експериментира со плетење, везење и шиење, а постојано со уживање учи нови техники.