×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 6-10 години. Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:

Изучување на текстилот, разни видови и негова широка употреба, особено во модата.
Учење на спектарот на бои – топли и студени тонови, употреба на нијанси и како да се создадат и комбинираат (уметност).
Боење – користење на разни видови четки, текстилни бои, умеење да се контролира водената маса врз тексилот, користење на контур пасти.

Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи да ги реализираат своите идеи од хартија на текстил, ќе ги научи да мешаат разни бои, да ја контролираат водената површина, да ги користат разните нијанси и тонови и секако... дома ќе се вратат возбуден и и среќни со прекрасена навлака за перница со која ќе се гордеат на својата креативност, идеја и изработка.



Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Пријавување: kristina@publicroom.org, 072 566 515

Оливија Георгиевска во моментов работи како наставник по Македонски јазик и литература во Меѓународното училиште НОВА. Со изработка на разни украсни предмети од хартија (цветови, оригами, салфетна техника), глина, гипс (леење), текстил (предмети од фелт, слики од текстил, навлаки за перничиња) како и сликање на разни медиуми се занимава повеќе од 25 години. Зад себе има самостојна изложба на слики од свила, самостојна изложба на сликано стакло и керамика, повеќе пати изложувани слики на изложби на ДЛАМ, како и самостојна изложба на фотографии во Музеј на Град Скопје (2002), но и освоени награди за фотографија на неколку изложби. Освен тоа, во слободно време прави накит од конец, кожа, кристали, експериментира со плетење, везење и шиење, а постојано со уживање учи нови техники.