ИЗРАБОТКА НА ПРОИЗВОДИ ОД ГИПС

Датум и време: Сабота [09.01.2016] 17:00ч и Недела [10.01.2016] 11:00ч
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Ментор: Оливија Георгиевска
Јазик: Македонски и Англиски
Пријавување: kristina@publicroom.org и 072 566 515

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 8 до 15 години со оглед на тоа дека бара добра координација и вештина за самостојна изработка на модели од гипс и комобинација на бои. Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:
• Изучување на употребната вредност и намена на гипсот како добар моделарски материјал (хемија).
• Самостојна изработка на модели од гипс (скулптура).
• Учење на спектарот на бои – топли и студени тонови, употреба на нијанси и како да се создадат и комбинираат (уметност).
• Дообработка на моделите и нивна намена (брошеви, магнети или украсни предмети)

Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи на нова вештина, ќе ги научи да моделираат и бојат детали, ќе ја научат важноста на нијансите и тоновите и секако...дома ќе се вратат возбудени и среќни со предмети со кои ќе можат да го украсат домот.

Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Address

Str. 50 Divizija, 22
1000 Skopje, Macedonia 


Contacts

Email: info@publicroom.org        
Phone: +389 78250554