ЦВЕТОВИ ОД РЕЦИКЛИРАНА ХАРТИЈА

Датум и време: Сабота [05.12.2015] 17:00ч и Недела [06.12.2015] 11:00ч
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Ментор: Оливија Георгиевска
Јазик: Македонски и Англиски
Пријавување: kristina@publicroom.org и 072 566 515

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 8 - 15 години со оглед на тоа дека на оваа работилница децата треба да имаат основно познавање на превиткување и лепење, како и самостојно боење со темперни бои. Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:
• Изучување на хартијата, разни видови и ре- употреба (рециклирање) во скоро сите сфери на нашиот живот.
• Учење на спектарот на бои – топли и студени тонови, употреба на нијанси и како да се создадат и комбинираат (уметност).
• Боење – користење на разни видови четки, умеење да се контролира водената маса врз хартијата.
• Виткање, превиткување, прецизно сечење, лепење и составување.

Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи од обичното парче хартија да изработат цветови кои може да имаат разновидна декоративна функција - како дел од подарок, декор во детската соба, елемент вклучен во декорации за коса, накит и многу други намени. На крај на работилницата ќе се гордеат со својата креативност, идеја и изработка.

Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

ЦИКЛУС КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ, 2015
• Сликање украсни навлаки за перничиња
• Сликање сопствен дизајни на маица
• Сликање сопствен дизајн на хеланки

Address

Str. 50 Divizija, 22
1000 Skopje, Macedonia 


Contacts

Email: info@publicroom.org        
Phone: +389 78250554