НЕУРО ЛИНГВИСТИЧКО ПРОГРАМИРАЊЕ

Датум и време: петок [18.12.2015]
за деца од 8 до 11 год. работилницата ќе биде од 17:45
за адолесценти од 12 до 18 год. ќе е од 19:15
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Цена: 300 денари
Лице за контакт: Марија, 076 30 20 25

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Почитувани Родители, Деца и Адолесценти
Овој петок-18.12.2015 ќе ја истражуваме и ќе се запознаеме со нашата самодоверба. :)
Темата за овој петок е: ”Од каде доаѓа мојата самодоверба”?!
Самодовербата е квалитет кој сите го поседуваме но не сите го покажуваме. Од каде доаѓа самодовербата, кој ја гради и кој се влијае, ќе се прашања на кои петок заеднички ќе дадеме одговори. :)

Нлп за деца и адолесценти е програма која содржи психолошки, апликативни и стимулирачки техники. Истите ги движат децата кон еден процес на освестување и запознавање на својата личност и околината. Знаејќи што повеќе за својата личност, учејќи како да изградиме позитивни мисли формулирани во позитивни јазични фрази директно влијаеме кон однесувањето и секојдневните активностите. НЛП доаѓа од зборовите Неуро Лингвистичко Програмирање и претставува збир на применливи психолошки техники и вежби насочени кон разни цели како: личен развој, раководење на ресурси, маркетинг, спорт... НЛП е популарен во светот од 1963год. и брзо се шири како правец бидејќи дава брзи промени на лично и професионално поле. Инспирирани од ефектите направивме програма применлива во период на емоционален и личен развој кај децата и адолесцентите.

Address

Str. 50 Divizija, 22
1000 Skopje, Macedonia 


Contacts

Email: info@publicroom.org        
Phone: +389 78250554