НЕУРО ЛИНГВИСТИЧКО ПРОГРАМИРАЊЕ

Датум и време: понеделник [01.02.2016], 19:00ч
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Цена: 300 денари
Лице за контакт: Марија, 076 30 20 25

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Почитувани Родители, Деца и Адолесценти
1.2.2016 - понеделник ќе ни биде прва работилница за 2016 год. со забавните НЛП-вежби.
Темата за овој петок е ”Што понесов од старата година и кои се моите желби/цели во новата година”?!
Ќе направиме интроспективно патување низ целата година и ќе ги потврдиме сите позитивни емоции, лекции, желби, планови...ќе разговараме и за нашите желби/цели за 2016год.со цел да направиме план на активности и акција.
Секоја акција започнува од план и прв чекор!

НлпЗаДеца е програма за деца која содржи апликативни стимулирачки техники кои ќе ги движат децата кон еден процес на освестување и запознавање на својата личност и околината. Знаејќи што повеќе за своите потенцијали, учејќи како да изградиме позитивни мисли формулирани во позитивни јазични фрази дирекно влијаеме кон секојдневните активностите а истите го градат нашиот живот.
НЛП доаѓа од зборовите Неуро Лингвистичко Програмирање и претставува збир на применливи психолошки техники и вежби насочени кон разни цели како: личен развој, менаџирање на ресурси, маркетинг, спорт... НЛП е популарен во светот од 1963год. и брзо се шири како правец бидејќи дава брзи промени на лично и професионално поле. Инспирирани од ефектите направивме програма применлива за деца кои се наоѓаат во период на развој и каде конкретни стимулации ќе доведат до реализирање на сопствениот капацитет.

Address

Str. 50 Divizija, 22
1000 Skopje, Macedonia 


Contacts

Email: info@publicroom.org        
Phone: +389 78250554
Facebook
Instagram