×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Почитувани Родители, Деца и Адолесценти

25.12.2015- петок ќе ни биде последната работилница но само за 2015 год.
Темата за овој петок е ”Што научив од оваа година”?!
Ќе направиме интроспективно патување низ целата година и ќе ги потврдиме сите позитивни емоции, лекции, желби, планови... Ова патување ќе ни помогне да ја поставиме желбата/целта за 2016.
За овој петок ќе понудиме само еден термин од 19:15-20:15ч.
Ќе направиме пауза од 2 недели па се гледаме повторно во 2016 со нови внатрешни авантури.

Нлп за деца и адолесценти е програма која содржи психолошки, апликативни и стимулирачки техники. Истите ги движат децата кон еден процес на освестување и запознавање на својата личност и околината. Знаејќи што повеќе за својата личност, учејќи како да изградиме позитивни мисли формулирани во позитивни јазични фрази директно влијаеме кон однесувањето и секојдневните активностите. НЛП доаѓа од зборовите Неуро Лингвистичко Програмирање и претставува збир на применливи психолошки техники и вежби насочени кон разни цели како: личен развој, раководење на ресурси, маркетинг, спорт... НЛП е популарен во светот од 1963год. и брзо се шири како правец бидејќи дава брзи промени на лично и професионално поле. Инспирирани од ефектите направивме програма применлива во период на емоционален и личен развој кај децата и адолесцентите.

Учесниците да ја понесат својата љубопитност. :)
Подетални информации на 076 30 20 25
Лице за контакт-Марија
Цена:300 ден.