×

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА

Почитувани Родители, Деца и Адолесценти

Овој петок-11.12.2015 ќе продолжиме да се запознаваме себе си. :)
Темата е ”Мојот внатрешен свет”.
Правецот на нашето патување ќе биде кон истражување на следниве прашања: кој е мојот простор, каде е мојата граница, кои се моите способности...која е мојата единственост?!

Нлп за деца и адолесценти е програма која содржи психолошки, апликативни и стимулирачки техники. Истите ги движат децата кон еден процес на освестување и запознавање на својата личност и околината. Знаејќи што повеќе за својата личност, учејќи како да изградиме позитивни мисли формулирани во позитивни јазични фрази директно влијаеме кон однесувањето и секојдневните активностите. НЛП доаѓа од зборовите Неуро Лингвистичко Програмирање и претставува збир на применливи психолошки техники и вежби насочени кон разни цели како: личен развој, раководење на ресурси, маркетинг, спорт... НЛП е популарен во светот од 1963год. и брзо се шири како правец бидејќи дава брзи промени на лично и професионално поле. Инспирирани од ефектите направивме програма применлива во период на емоционален и личен развој кај децата и адолесцентите.

За деца од 8 до 11 год. работилницата ќе биде од 17:45-18:45ч.
За адолесценти од 12 до 18 год. ќе е од 19:15-20:15ч.
Учесниците да ја понесат својата љубопитност:)
Подетални информации на 076 30 20 25
Лице за контакт-Марија
Цена:300 ден.