МАСКИ ЗА ДЕНОТ НА ШЕГАТА

Датум и време: сабота [02.04.2016] 10:30
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Ментор: Теодора Васиљевиќ - Теа
Јазик: Македонски и Англиски
Пријавување: kristina@publicroom.org и 072 566 515

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Работилницата “Учиме, играме и креираме” овозможува Вашето дете преку игра да ја разбуди креативноста во него и да научи нешто ново и интересно. Креативноста помага двете хемисфери од мозокот да бидат неразделно поврзани и заедно да работат.
Меѓу сите мрежи и центри во нашиот мозок, постојат три мрежи кои се знае за што се користат во креативното размислување.
• Мрежа за контрола на вниманието ни помага со ласерски фокус на одредена задача. Тоа е оној кој ние го активираме кога треба да се концентрираме на сложени проблеми или да се обрне внимание на некоја задача како читање или слушање на разговор.
• Мрежа на имагинација, како што може да претпоставите, се користи за нешта како си замислуваме идни сценарија и сеќавајќи се на она што се случило во минатото. Оваа мрежа ни помага да изградиме ментални слики, кога ние сме ангажирани во овие активности.
• Мрежа на флексибилност на вниманието има важна улога на надзор што се случува околу нас, како и во нашите мозоци, и за промена меѓу мрежата на имагинација и и мрежата за контрола на вниманието.
Начинот на кој ние ќе ја разбудиме или развиеме креативноста кај Вашето дете е употребата на Fisher Tips!

Работилница “Маски за денот на шегата”
На оваа работилница ќе изработуваме маски по повод 1 Април - Ден на шегата.
Ќе следи кратка дискусија што се прави на тој ден, кои шеги им се смешни, која им е омилена маска на дечињата и зошто, а потоа ќе изработуваме маски по нивна желба. Маските ќе бидат изработени од картон накитени со Fischer Tips. Доколку Вашето детенце има посебна желба за изработка на некоја маска може да донесете примерок (играчка, книга, стрип...).
Ве очекуваме!

Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Address

Str. 50 Divizija, 22
1000 Skopje, Macedonia 


Contacts

Email: info@publicroom.org        
Phone: +389 78250554