НОВОГОДИШЕН ДЕКОР

Датум и време: Сабота [12.12.2015] 17:00ч и Недела [13.12.2015] 11:00ч
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Ментор: Оливија Георгиевска
Јазик: Македонски и Англиски
Пријавување: kristina@publicroom.org и 072 566 515

ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 6 до 15 години со оглед на тоа дека бара добра координација и вештина за самостојна работа на виткање, сечење, боење и лепење.Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:
Работење со неколку разноврсни медиуми – акрилни бои-боење, сечење и лепење, превиткување на хартија, работа на нерамна и округа површина и многу други интересни хартиени украси кои потекнуваат од оригами техниката.

Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи да ги реализираат своите идеи во украсување на својата соба и новогодишната елка, да ги користат разните нијанси и тонови... и секако дома ќе се вратат возбудени и среќни со прекрасни новогодишни украси со кои ќе се гордеат на својата креативност, идеја и изработка.

Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!

Address

Str. 50 Divizija, 22
1000 Skopje, Macedonia 


Contacts

Email: info@publicroom.org        
Phone: +389 78250554
Facebook
Instagram