×

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА ЗА СТЕНДАП КОМИЧАРИ
Ментор: Никола Тодороски, актер и стендап комичар

Јавна соба во соработка со стендап комичарот Никола Тодороски распишаа отворен повик за работилница за млади стендап комичари.
Учеството на работилницата е бесплатно, а знаењето кое младите, со надеж идни комичари, ќе го стекнат е од големо значење
за нивното професионално издигнување и афирмација.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Сите заинтересирани лица на возраст над 18 години без разлика на нивната полова, верска и сексуална припадност се добредојдени
да се пријават за еднодневната работилница. Бројот на учесници е ограничен на 10, а финалниот избор на учесници го прави менторот.
Се очекува на оваа работилница да се пријават актери со добра смисла за хумор, студенти по глума, телентирани млади шегобијци кои
се слободни во јавно излагање пред повеќебројна публика.

ЗА РАБОТИЛНИЦАТА
Работилницата е во времетраење од 4 часа со паузи за кафе/ручек. Во текот на работилницата учесниците ќе бидат запознаени со
основните принципи за создавање на материјал за стендап комедија. По завршувањето на работилницата сите учесници ќе бидат дел
од Отворен Микрофон – шоу на кое секој ќе се претстави индивидуално со 2 до 5 минутен материјал.

Материјал за подготовка:
Материјал за подготовка: Материјалот треба да биде авторски, личен. Не е дозволено крадење и/или интерпретација на туѓ материјал
(одлично ги познаваме шегите на Џорџ Карлин, Робин Вилијамс, Луис Ц.К., Сајнфилд ). Вицеви исто така не се дозволени!
Секој учесник кој ќе учествува со ваков тип на материјал ќе биде дисквалификуван!
Материјалот мора да биде обликуван во стендап форма. Доколку рапуваш добро или пееш убаво или раскажуваш интересни случки е
прекрасно, но за да настапуваш на Отворен Микрофон тоа треба да биде во стендап форма. Сите оние кои не знаат како да го обликуваат
својот материјал во стендап форма ќе имаат можност да го научат истото на работилницата. Со почеток од 20:00ч на шоуто Отворен
Микрофон каде ќе настапат сите учесници, водителот има право да го прекине настапот на секој од учесниците доколку материјалот е краден,
непотребно вулгарен или доколку публиката е во агонија. Публиката на крајот од шоуто гласа за најдобар млад стендап комичар на
фестивалот „Дотерај го Скопје”.
Организаторите дозволуваат учесниците да поканат пријатели на шоуто Отворен Микрофон кои ќе им дадат поддршка.

КОГА:
1 септември, 2017

ПРОГРАМА
13:30 пристигнување на учесниците и запознавање
14:00 практична настава – дел 1
16:00 пауза ( кафе/ручек)
16:30 практична настава – дел 2
20:00 2 до 5 минутен настап на OPEN YOUNG MIC
21:00 избор на најдобар млад стендап комичар за Дотерај го Скопје фестивалот

НАГРАДА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ
Сите учесници на оваа работилница добиваат,
- Знање од страна на искусен актер и стендап комичар, Никола Тодороски,
- Можност за 2 до 5 минутен настап во јавност под менторство на искусен стендап комичар,
- Промоција пред пошироката јавност и можност за стендап ангажман во соработка со искусен стендап комичар во Јавна соба.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето за учество во работилницата можете да го направите со испраќање на ваша кратка биографија и прифил фотографија на:
contact@publicroom.org и todoroskinikola@gmail.com (задолжително е испраќање на двете еmail адреси).

ИНФО
За повеќе инфомрации можете да се орбатите на contact@publicroom.org и todoroskinikola@gmail.com