×

ТИТО ВО АФРИКА - СЛИКИ НА СОЛИДАРНОСТА

27.октомври – 20.ноември, 2017

ОД КУСТОСИТЕ
Изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” се гради низ променлив однос на две основни компоненти. Тоа се друштвените вредности на солидарноста и антиколонијализмот, од една страна, и формалната репрезентација на меѓудржавните средби на највисоко ниво, од друга страна.
Вредностите за коишто станува збор биле заеднички за земјите од Третиот свет со кои Југославија во шеесетите и во седумдесетите години од минатиот век ги делела своите уверувања и цели. Тие вредности доминираат во званичниот говор, белешките, извештаите и написите од тоа време. Фотографските и филмските записи од државничките средби, од друга страна, одразуваат строги правила и обрасци на светска дипломатија, наследени од претходните – колонијални – системи на репрезентација.
На постјугословенските простори впечатлив е недостатокот од знаење за текот на антиколонијализмот, наспроти неговото несомнено присуство во јавниот дискурс од средината на 20. век. Тоа што најмногу загрижува, е недостатокот на свест за негативното наследтво од колонијализмот, кое продолжува да се спроведува преку културната и образовната политика и презентација во светски рамки.
Со оваа изложба, меѓудругото, се укажува на потенцијалот на наследството – согледано преку предметите, контекстот и презентацијата – да придонесе кон препознавање, реафирмација и редефиниција на друштвените вредности

Ана Сладојевиќ и Мирјана Славковиќ

ЗА ИЗЛОЖБАТА
Изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” е резултат на соработката помеѓу истражувачите во рамки на проектот Socialism Goes Global на Универзитетот во Ексетер и Музејот на Југославија. Визуелно првенствено се базира на фондот на Музејот на Југославија, во кој се наоѓаат фотографии и негативи создадени во тек на работењето на Кабинетот на претседателот на Републиката во периодот 1947–1980. Останатите експонати се од приватни колекции на семејствата на Душан Лалевиќ и Мирко Ловриќ, како и од Музејот на африканската уметност – збирката на Веда и др Здравко Печар, Архивот на Југославија и Филмске новости.

0. КОНТЕКСТ НА ВРЕМЕТО
Времето по Втората светска војна донело големи промени на глобално ниво. Поделбата на светот на комунистички Источен блок, на чело со Советскиот Сојуз (СССР), и капиталистички Западен блок, на чело со Соединетите Американски Држави (САД), резултирала со повеќедецениска политичка напнатост и заострени односи на светските сили, познати као Ладна војна.
Тоа е воедно и време на деколонизација на бројни земји ширум светот, така што 1960. година е наречена „година на Африка” поради тоа што дури седумнаест држави на тој континент стекнале независност.
До прекин помеѓу Југославија и СССР, дошло во 1948, кога Јосип Броз Тито ја одбил критиката на Јосиф Висарионович Сталин дека Југославија отстапува од комунистичките идеи, и кога Југославија е отфрлена од Комунистичкото информационо биро (Информбиро). Додека Југославија тежнеела да остане независна, СССР делувала сo намера да го зајакне своето влијание.
Југославија се нашла во наизглед незавидна положба, помеѓу двата блока. Меѓутоа, ќе се испостави дека таа не била осамена. Бројни други исто така земји сакале да ја зачуваат својата – често штотуку стекната – независност. Преку меѓународни средби ќе се профилираат заеднички цели на земјите кои често немале многу сличности во поглед на државното уредување или во културните модели, резултирајќи со основање на Движењето на неврзаните.

1. ЛИДЕР И ЛИДЕРИ
Од средината на педесеттите години на 20. век, интензивирани се средбите на Јосип Броз Тито со бројни државници од светот. Тито бил чест гостин и во земјите на Африка, а и многу африкански лидери – од шефови на држави до водечки личности на разни антиколонијални ослободителни движења – со децении доаѓале на покана на Тито да го посетат Белград.
Иако прво е воспоставена соработката со Етиопија, каде на чие чело бил царот Хајле Селасие I, овој период сепак го одбележал односот меѓу Јосип Броз Тито и Гамал Абдел Насер, египетскиот претседател. Приемот на кој наишол Тито прво во Етиопија, а потоа и во Египет ја воспоставил сликата за него ширум континентот. Африканските медиуми го величеле како соборец против колонијализмот, додека за време на дочекот маса луѓе се буткале за да го поздрават.
Како гостин на претседателот Кваме Нкрумах во Гана, Тито бил првиот странски лидер кој, од стекнувањето на независност на оваа западноафрикaнска земja, говорел пред Парламентот. Во Алжир, по завршување на војната, Тито го поздравиле како солидарен лидер кој ја испратил југословенската војска и хуманитарна помош во пресудните моменти на алжирската борба за независност.
Тито се сретнал скоро со сите значајни личности од африканската политика во втората половина на 20. век. Покрај интелектуалците како Леополд Седар Сенгор, Агостин Нет, Кенет Каунда и други, се запознал и со оние кои историјата ги бележи како диктатори: Мобуту Сесе Секо, Роберт Мугабе, Жан Бедел Бокаса.

Парада на друштвените организации во Акра, организирана во чест на претседателот Тито, Гана 1961.

2. СОЛИДАРНОСТ И АНТИКОЛОНИЈАЛИЗАМ
Југославија отворено ги поддржувала антиколонијалните движења во земјите во Африка и пред воспоставувањето на Движењето на неврзаните. Официјалната југословенска политика промовирала антиимперијалистички, антиколонијални и антирасистички уверувања, кои биле во склад со идеите за солидарност и еднаквост својствени на социјализмот.
Истотака, искуството од Втората светска војна и борбата против окупаторот на југословенското тло чинеле тежнеење на африканските и азиските народи за независност блиска како на Југословените.
Во текот на Алжирската војна за независност (1954–1962), која се водела против француската колонијална власт, Југословените како снимателот Стеван Лабудовиќ и новинарот Здравко Печар известувале директно од територијата на Алжир, од редовите на герилските борци. Нивните фотографски и филмски записи денес се вбројуваат меѓу најзначајните документи за оваа војна. Бројни други актери, како Веда Загорац и Маја Плавшиќ, помагале во организација на транспорт и згрижување на ранетите, доставување на оружје и публикување на пропаганден материјал.

Митинг на Плоштадот Први Ноември, приреден во чест на претседателот Тито, Алжир 1965.

МИРОВНИ СИЛИ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ НА СИНАИ
Односите кои се воспоставиле помеѓу Југославија и Египет биле многу блиски. Во тек на траењето на Суецката криза, која кулминирала со вооружена пресметка и кратка војна 1956, и покрај противењето на Израел, Франција и Велика Британија Насеровата одлука да го национализира Суецкиот канал, Југославија отворено ги застапувала египетските интереси. На основа на разговор со египатскиот врв на власт, донесена е и одлука за упатување на југословенските војници во мировна мисија на Обединетите нации на просторот на Синаи. Прв пат југословенската воена сила е испратена надвор од земјата, за да биде ангажирана за зачувување на мирот.

3. ДИПЛОМАТИЈА И ПРОТОКОЛ
Светската дипломатија диктирала одредени протоколарни правила. Системот на политичка репрезентација претставувал наследен, превземен јазик на култура на империјализам. Меѓудржавните средби не само што ги повторувале постоечките обрасци на однесување, туку и продолжувале да промовираат бројни стереотипи.
Африканските земји, кои се избориле за независност по векови колонијална доминација, тежнееле кон редефинирање на своите културни идентитети. Кваме Нкрумах бил меѓу првите африкански лидери кои во јавните политички настапи користел одредени симболи кои потекнуваат од традицијата. Праксата за збогатување на визуелниот политички јазик со „африкански” елементи ќе стане препознатлива и меѓу другите званичници и државници, меѓу кои биле и Џомо Кенијата во Кенија, Џулијус Њерере во Танзанија, Леополд Седар Сенгор во Сенегал.
Оваа пракса претставувала обид за завземање на активна позиција наспроти векови негативната претстава за Африканците, претстава која оставила длабоки лузни на друштвеното ткиво. Меѓутоа, користењето на традицијата во политичкиот живот наидувало и на критика од оние кои сметале дека тоа е само уште еден начин на поедноставено претставување на африканските земји и култура.

Претседателите Тито и Насер со сопругите на концерт на Каирската опера. Египет (УАР), 1961.

4. ВПЕЧАТОЦИ ОД ПАТУВАЊАТА
Официјалните патувања и државните посети внимателно се планирани, неколку месеци однапред. За тоа сведочат различните пишани материјали за припремите за пат. Тие, меѓу другото, вклучуваат информации за конкретни земји, места, личности. Вака темелна припрема овозможувала во тек на релативно краток престој соговорниците да се бават само со најбитните политички прашања, кои се од значење за двете земји.
Секако, и домаќините и гостите се труделе да остават што подобар впечаток, користејќи медиски публицитет за посетата и да ја истакнат блискоста на политичките ставови и обостраната поддршка. Претставниците на земјата домаќин биле, задолжени за креирање програма, преку која на гостинот му ја претставувале главната одлика на својата култура, образовниот систем, техничкиот и технолошкиот напредок, воените капацитети, земјоделскиот развој и природните богатстава.
Ваквата разновидна програма често подразбирала посети на фабрики, градилишта, училишта, воени паради и смотри, разгледување на музеи, археолошки наоѓалишта, споменици и меморијални места, како и заштитени паркови на природата и ловишта.

Претседателот Тито со супругата Јованка на брод пред храмот во Абу Симбел, Египет 1962.

Претседателот Насер за време на крстарењето са претседателот Тито по Црвеното море (снимил Ј. Б. Тито). Египет 1962.

5. МОДЕРИЗАЦИЈА И РАЗВОЈ
Точките на средбите и солидарноста меѓу Југославија и земјите на Африка остварени се преку заеднички тежнеења за економски развој и модернизација. Преку размена на студенти и стручњаци воспоставена е долгорочна соработка во областа на медицината, техничките науки, градежништвото, земјоделието.
Преку трансфер на знаења остварени се блиски врски меѓу земјите, а Југославија на тој начин и стратешки се воспоставила како партнер за идни проекти. Во домен на медицината, југословенските лекари помагале во обука на алжирските студенти, кои, меѓу другите, боравеле со стипендии во Југославија. Најпрво во Етиопија, а потоа и во Египет, југословенските инженери помагале во реализација на големите инфраструктурни проекти. Само во тек на 1966. година Југославија испратила преку 500 свои технички стручњаци во Египет, вклучувајќи инженери, агрономи и лекари.
Бројни југословенски претпријатија започнуваат да тргуваат со африканските земји, а за многу од нив тоа претставува и прво искуство во конкурентното капиталистичко работење. Мелиорација на земјиштата, изградба на патишта, учество во заеднички проекти за подигнување на брани и хидроелектрани, биле некој од најголемите потфати на Југословените во земјите на Африка. Трговијата е воспоставена со повеќето африкански земји со кои Југославија имала билатерални договори, но таа се одвивала со различeн степен на успех.

ОДНОС
Односот помеѓу Источниот и Западниот блок бил обележан со соперништво во различни домени: идеолошки, економски, технолошки и културен. Трката за нуклеарно наоружување и развојот на свемирскита технологија биле некои од манифестациите на моќта. Меѓутоа, економската трка и откривањето на нови пазари, иако можеби помалку видлива или спектакуларна, била многу важна.
Деколонизацијата на големиот број земји не значела само нов почеток за младите независни земји; за бившите колонијални сили, губењето на колонија претставувало економски удар, такашто и тие морале да пронајдат нови модели на функционирање. Не е изненадувачки тоа што со децении претходните колонијални искуства сепак створиле цврсти врски – иако дисфункционални – помеѓу земјите на колонизаторот и колонизираните. Доминацијата во полето на јазикот, образованието, начинот на функционирање на институциите, а особено економската моќ, направиле бројните земји кои стекнале независност да продолжат да се вртат околу некогашните „метрополи”, односно центрите со колонијална моќ. Многу земји, сепак, тоа не го сакале. Југославија во нив пронашла истомисленици и сојузници.

Претсдателите Тито и Насер во разгледување на градилиштето на Асуанската брана, Египет 1968.

6. СЛИКАТА ЗА ДРУГИТЕ, СЛИКАТА ЗА СЕБЕ
Меѓународните односи и начинот на кој тие се одразувале на внатрешната политика влијаеле на сликата која за себе ја стекнувале Југословените. Неспорно е дека постоел и економски мотив за здружување меѓу земјите на Движењето на неврзаните, па така и меѓу Југославије и земјите на Африка. Сепак, размената која се воспоставила меѓу нив не може да биде сведена само на економски аспект.
Идејата за заедничка политичка платформа која не се приклонува кон ниеден блок отворила поле за соработка меѓу земјите кои не воспоставиле заедништво врз основа на географската близина, сличноста на државното уредување или пак културните модели. Во релативно краток временски рок овозможена е мобилност на луѓето, проток на информации и соработка од прва рака, кои пред тоа како такви не постоеле. Вакво искуство на многу начини во поширока друштвена и културна смисла ја збогатила тогашната југословенска средина.
Земјите од Третиот свет, меѓу кои била и Југославија, развивале меѓусебна политика на солидарност и пријателство. Отворената осуда на колонијализмот и расизмот – во време во кое во многу земји во светот сѐ уште постоел колонијален режим и програма на расна сегрегација во училиштата и на работните места – на државно ниво промовирала вредности кои и денес се со еднакво значење.

Од дефилето на војската, младината и пионерите, приредена во чест на претседателот Тито во областа Киндиа, Гвинеа 1961.

Сцена од патот кон Конакри, Гвинеа 1961.

7. ТРАГИ
Неколку клучни децении на дваесетиот век во кои се динамизирала соработката помеѓу Југославија и земјите на Африка не претставуваат долг период во поширок историски контекст. Меѓутоа, размената која се воспоставила на идејните основи на Движењето на неврзаните многу го променила југословенското разбирање на сопствената позиција во однос на светот.
Во децениите после осумдесеттите, пријателството кое е развивано со земјите од Третиот свет скоро во потполност, и сeкако не без причина, е поврзано со југословенските идентитети. Овие идентитети, посебно деведесеттите година од 20. век, биле активно бришени и заборавени.
Со повторното будење на интересот за југословенското културно наследство, дошло и до реафирмација на прашањата од времето на неврзаните. Критичкото преиспитување не само на она што е тогаш направено во домен на соработка, туку и сѐ што е пропуштено да се направи, може во фокус да ги врати вредностите на антиколонијализмот и солидарноста.