×

Show Room – џез концерти позади ширум отворени врати

Bopers - 16.12 // 22:00
Zing Project - 23.12 // 22:00
M Jazz Session - 30.12 // 22:00
OffBeatz - 31.12 // 14:00

Јавна соба започнува со новиот регионален проект за развој на џез сцената во регионот, “Show Room”. Секој петок на репертоар е концерт на реномирани
џез музичари од Македонија и регионот кои ќе настапуваат пред публиката во Јавна соба.
“Show Room” e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за
цел да го претстави музичкиот потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.

Влезот на сите настани е бесплатен, а забавата и уживањето за сите генерации е загарантирано.

Марко Василевски, член на Contemporary Jazz составот Fierce од Скопје, во улога на програмски уредник во Јавна соба.
Бендот има настапувано на повеќе концерти, настани и фестивали во земјата и странство. Има соработувано и настапувано со повеќе музичари и музички
состави: In the mood blues, Opac Trio, Hare, OffBeatz, како и американскиот состав Hai vida si (Minnie and Aya), во NYC, USA. Марко потенцира дека станува
збор за џез музичари и групи кои негуваат различни џез поджанрови каде селекција е базирана исклучиво на квалитет на авторите.
“Сакам да се приближиме до основната идеја, прогресивен современ звук во кој и публиката и музичарите ќе уживаат”, вели Василевски за овој проект.