FRENCH COOKING COURSE

Public Room и March de Jongh продолжуваат со курсевите за готвење и креирање на нова генерација на кулинари. Во период септември/ноември, 2019 година ќе бидат изведени два осумнеделни курса и тоа
- ПОЧЕТЕН КУРС (секој вторник)
- НАПРЕДЕН КУРС (секоја среда)

Времетраење: 8 недели (секој вторник/среда по 2 часа + дегустација на храна со вино и дружење)
Почеток: 17. Септември во18:30ч. ПОЧЕТЕН КУРС // 18. Септември, 18:30ч НАПРЕДЕН КУРС
Место: SLAVA ROOM, кат 1, Јавна соба / Public Room
Ментор: Марк де Јонг
Јазик: македонски / со француски

Цена на курсевите:
- ПОЧЕТЕН КУРС - 9.750 МКД (вклучена опрема, намирници и туторијали за готвење, дружење и забава)
- НАПРЕДЕН КУРС - 11.500 МКД (вклучена опрема, намирници и туторијали за готвење, дружење и забава)

Упис за курсевите: задолжителен (бројот на учесници е лимитиран), а учесниците се запишуваат на принцип прв пријавен - прв запишан. Не заборавајте да напоменете за кој од двата курса се пријавувате.
Рок за пријавување: до 10. септември, 2019

ЗА КУРСЕВИТЕ
Јавна соба во соработка со готвачот Марк де Јонг отвораат програмска активност за поединци, парови или мали групи. Станува збор за 8 неделен курс по креативно готвење на тема француска кујна, од кои едниот е почетен, а другиот е напред курс по готвење.
Курсевите се наменети за лица кои сакаат да навлезат во тајните на француската кујна и научат како се подготвуваат француски специјалитети (багет, супа од кромид, џигер од патка, паштета, сосеви, месо и други тајни на француската кујна). Дополнително, но многу значајно, е што сите учесници ќе научат што значи „culinary management”, односно менаџирање на процесите на подготовка на храна.
Она што останува кај секој еден учесник по завршувањето на курсевите се совладани професионални техники на готвење, како и рецепти кои се едноставни и можат да се аплицираат подоцна во секојдневниот живот без разлика на нивото на кулинарски вештини кои секој еден учесник ги поседува пред почетокот на курсот.
Програмата се темели целосно на практична наобразба која ја пренесува мастер готвач, кому француската кујна му е специјалност. Процесот на едукација предвидува секој од учесниците да ја следи демонстрацијата на Марк, а подоцна истото да го подготвува самостојно или во пар. Целта е сите учесници да ги дознаат тајните на француската кујна, да научат да подготвуваат вкусни јадења прифатливи за сите генерации, храна која има хранливи состојки и лесно се подготвува и сервира.

ШТО ОПФАЌА СЕКОЈ ЧАС
• Состојки потребни за подготовка на храна,
• Прибор и опрема потребни за подготовка,
• Информации за производители и локални дистрибутери на значајни намирници,
• Дискусија за состојките, начин на подготовка, начин на сервирање и презентација,
• Техники на приготвување и нивна примена во секојдневниот живот,
• Декорација на порција и презентација пред гости,
• Дегустација на зготвената храна и критика.

----------------------------------------------------------------------------
НИВО 1


ХРАНА КОЈА ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВА НА ПОЧЕТЕН КУРС / НИВО 1
Предјадења почетен курс / ниво 1
Entrées 1
• Soupe à l'oignon gratinée
• Quiche lorraine(preparation pate sablée)
• Salade niçoise au thon
• Salade Waldorf facile
• Pâté d'Ardenne… Pâté de Pâques (ou pâté berrichon)
• Escargots de Bourgogne
• Gratin de moules et de courgettes
• Œfs pochés sur duxelles de champignons

Главни јадења почетен курс / ниво 1
Plats 1
• Poisson en papillotes et ses légumes de saison
• Tartare de bœuf,salade de saison et sa vinaigrette et pommes frite
• Blanquette de veau ménagère
• Filet mignon de porc braisé aux oignons nouveaux, rosace de pommes de terre façon Anna
• Brochettes de boeuf aux olives
• Lapin fermier à la Normande
• Ballotine de poisson aux petits légumes de saison
• Poulet Basquaise et son Gratin dauphinois

ТЕХНИКИ НА ГОТВЕЊЕ ПОЧЕТЕН КУРС / НИВО 1
Techniques de cuisine 1
• Le beurre blanc,Le beurre aux herbes fraiches…
• Une réduction d'échalotes finement ciselées et de vin blanc, le tout émulsionné au beurre frais.
• La sauce hollandaise, dijonnaise, mousseline,Bearnaise…
• Une sauce émulsionnée à chaud : un sabayon cuit lentement, monté au beurre clarifié.
• Sauce au poivre creme,curry,aux herbes…
• Une sauce à base de poivre déglacée au cognac et cuisinée au jus de veau et à la crème.
• Sauce majonnaise,Sauce tartare,Sauce cocktail,Sauce curry…
• Sauce mayonnaise garnie de divers condiments et d'herbes fraîches. Elle accompagnera très bien vos viandes grillées.
• Sauce Béchamel, Mornay…
• Sauce chaude pour gratiner
• Recette de La baguette parfaite
• Preparation et recette baguette Parisienne
• Recette de Pommes de terre:Gratin,anna,purée,rissolée…
• Différente préparation de Pommes de terre
• Apprentissage des différents mode de cuisson
• à la poele,au four,en papillotte,en balottine,cuisson longue,courte,a froid
• Découpes des légumes, poisson et viands

ЦЕНА ПОЧЕТЕН КУРС / НИВО 1
9.750 МКД – цена на курсот, и вклучува:
• Неповратна престилка за секој учесник,
• Неповратна крпа за секој учесник,
• Прибор и опрема потребни за подготовка на храната,
• Намирници за секој час,
• Пренос на професионални техники на готвење и француски оригинални рецепти,
• Дегустација на подготвената храна и разговор/критика,
• Чаша вино за секој учесник, се служи по завршување на часот.

----------------------------------------------------------------------------
НИВО 2


ХРАНА КОЈА ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВА НА НАПРЕДЕН КУРС / НИВО 2
Предјадења напреден курс / ниво 2
Entrées 2
• Foies gras de canard caramelise aux pommes et romarin
• Crepes aux champignons et jambon
• Tiramisu de thon frais et avocat
• Terrine de saumon
• Veloute de cepes
• Cake au jambon et olives
• Roulade de tomates,saumon frais et fromage
• Ravioles aux truffes

Главни јадења напреден курс / ниво 2
Plats 2
• Filet de boeuf en croute sauce au vin rouge et pomme puree aux legumes
• Cuisses de poulet a la creme aux champignons et pommes croquettes
• Ballottine de suprême de volaille aux épices et son riz pilaff
• Filet de truite au four à la moutarde et au miel pommes et carottes tournée
• Dorade en portefeuille au four
• Filet mignon de porc au caramel vanillé
• Magrets de canard à la sauce au miel et vin rouge
• Filet d’agneau au crumble de persil et gratin de courgettes

ТЕХНИКИ НА ГОТВЕЊЕ НАПРЕДЕН КУРС / НИВО 2
Techniques de cuisine 2
• différent mode de cuisson viandes et poisson
• sauces a base de vin et jus de legumes
• mettre en filet poisson et viandes
• differente façon de tailler les légumes
• apprendre a faire des pâtes fraiche
• technique de décoration d'assiette
• nouveaux accord entre les viandes,poissons et épices

ЦЕНА НАПРЕДЕН КУРС / НИВО 2
11.500 МКД – цена на курсот, и вклучува:
• Неповратна престилка за секој учесник,
• Неповратна крпа за секој учесник,
• Прибор и опрема потребни за подготовка на храната,
• Намирници за секој час,
• Пренос на професионални техники на готвење и француски оригинални рецепти,
• Дегустација на подготвената храна и разговор/критика,
• Чаша вино за секој учесник, се служи по завршување на часот.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА СТАНАМ УЧЕСНИК?
• Да се пријавам на курсот со испраќање на email на marija@publicroom.org и наведување за кој од двата курса се пријавувам, ПОЧЕТЕН ИЛИ НАПРЕДЕН КУРС ПО ГОТВЕЊЕ
• Ја уплатам бараната сума за курсот,
• Дојдам на 17. септември (Почетен курс) или 18. септември (Напреден курс) во 18:30 во Public Room и станам дел од неформалното образование за совладување на тајните на француската кујна,
• Да го резервирам секој вторник или среда во период 17. септември – 6. ноември, 2019 за овој курс.

ШЕФ МАРК ДЕ ЈОНГ
Марк де Јонг е роден на 21.08.1968 во Брисел, Белгија. Почнал да го изучува кулинарството на 15 години. Додека се школувал, започнал да работи како асистент во еден од најпознатите ресторани со три Мишелин ѕвезди во Брисел, во ресторанот Бруно (Bruneau). Таму работел 2 години, а потоа започнал да работи во Хотелот President WTC со 5 ѕвездички.
Војниот рок го отслужил во НАТО офицерски дом во Брисел. Кога наполнил 30 години тој веќе имал работено во повеќе ресторани, каде што ги изучувал тајните на кулинарството. Потоа почнал да работи како асистент менаџер во хотел ресторанот во сопственост на Белгиското Министерство за одбрана, каде работел 6 години. Отсекогаш сакал да се обиде да биде независен, самостоен шеф, така што го отворил својот ресторан и кетеринг услуга во Брисел наречен „La PalletteGourmande”.
Во 2006 година зема учество во натпреварот Најдобар мастершеф во Белгија и го освојува второто место. Подоцна, во 2012 година зема учество и на Светскиот кулинарски натпревар во Кина, Пекинг, како тим лидер на Белгискиот тим, каде што освојуваат шесто место во светот и прво место за најдобар шеф од Европа. Во 2016, на Интернационален кулинарски натпревар го освојува златниот медал. Член е Европската асоцијација на шефови - Euro-Toques.
Од 2014, Марк живее и работи во Скопје, Македонија работејќи како персонален шеф, гостин шеф во повеќе ресторани, кетеринг и консултации за храна.

Адреса

ул. 50та дивизија, 22
1000 Скопје 


Контакт

е-маил: info@publicroom.org        
телефон: +389 78250554
Фејсбук
Инстаграм